Фото: ШФМ

ШАХ – ЕКИПНИ ПРВЕНСТВА ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ

Во организација на Шаховската федерација на Македонија (ШФМ), во Скопје се одржаа екипните првенства во шах за деца и младинци, на кои настапија 214 учесници од 43 клуба (од кои шест женски), во осум возрасни категории (девојчиња до осум и до 10 години и категориите Опен до осум, 10, 12 14, 16 и до 18 години). Поради поголемиот број пријавени клубови во категориите до 14 и до 16 години (момчиња), победниците ќе бидат познати по одигрувањето на преостанатите кола во последниот викенд на април.

Досега најуспешни се екипите од школата на Гамбит од Скопје (Гамбит Асеко СЕЕ и Капабланка), со вкупно четири златни и еден сребрен медал (Гамбит Асеко СЕЕ три злата и едно сребро, а Капабланка едно злато). Екипата на Алкалоид од Скопје има по едно злато и бронза и три сребра, ШК Цареви Кули од Струмица по едно злато и бронза, Шах Шех од Битола и ШК Прилеп по еден сребро и ШК Куманово освои три бронзи.
Резултати по категории: девојчиња до 8 години: Гамбит Асеко СЕЕ, Прилеп. Девојчиња до 10 години: Цареви Кули, Гамбит Асеко СЕЕ, Алкалоид. Опен до 8 години: Гамбит Асеко СЕЕ, Алкалоид, Куманово. Опен до 10 години: Гамбит Асеко СЕЕ, Алкалоид, Цареви Кули. Опен до 12 години: Капабланка, Алкалоид, Куманово. Опен до 18 години: Алкалоид, Шах Шех, Куманово. Г.И.