Фото: Горан Анастасовски

Еден од учесниците на Скопскиот маратон трча во невообичаена опрема, носејќи одело во текот на трката низ улиците на главниот град, како што се забележува на фотографиите на Горан Анастасовски. Тој делува како да доцни на бизнис-состанок, иако е недела.

Фото: Горан Анастасовски

На денешното издание на „Виз Ер Скопски маратон“ учествуваат 8.500 професионални и аматерски натпреварувачи од 47 држави.