Фото: Архива

Во овој период се и уште три од најголемите маратонски трки во светот, во Берлин в недела, во Чикаго на 8 октомври и во Њујорк на 5 ноември. Маратонот во Скопје, неговото 19-то издание, на програмата е на 1 октомври (ќе има и трки во полумаратон, на пет километри, маратонска штафета и тим-билдинг трка), а потоа се на пример и маратоните во Амстердам на 15 октомври, во Шангај на 26 ноември, во Валенсија на 3 декември…

АТЛЕТИКА

Како што се приближува кон крајот меѓународната атлетска сезона на отворено, на ред се друмски трки од врвна класа. На 1 октомври фокусот на спортот ќе биде на Светското првенство во друмско трчање во Рига (Летонија), каде што најдобрите тркачи на долги патеки на планетата ќе се натпреваруваат за светски титули во трките на една милја, на пет километри и во полумаратон, пишува Светската атлетика (СА). Светската шампионка Фејт Кипјегон, светскиот рекордер Бериху Арегави и олимпискиот првак Перес Јепчирчир се меѓу ѕвездите што ќе се натпреваруваат во главниот град на Летонија. Во меѓувреме, тркачи од целиот свет ќе трчаат на истите патеки како и великаните кога ќе излезат на улиците на Рига за придружните масовни трки, пишува СА.
Во овој период се и уште три од најголемите маратонски трки во светот, во Берлин в недела, во Чикаго на 8 октомври и во Њујорк на 5 ноември. Маратонот во Скопје, неговото 19-то издание, на програмата е на 1 октомври (ќе има и трки во полумаратон, на пет километри, маратонска штафета и тим-билдинг трка), а потоа се на пример и маратоните во Амстердам на 15 октомври, во Шангај на 26 ноември, во Валенсија на 3 декември…
Светскиот рекордер и олимписки шампион Елиуд Кипчоге викендов ќе се врати во Берлин, во обид да дојде до рекордна петта победа, маратонот во Чикаго две недели подоцна ќе биде дуел помеѓу бранителката на титулата Рут Чепнгетич и победничката на лондонскиот маратон Сифан Хасан, двократниот шампион на маратонот во Токио, Бирхану Легесе, четвртиот најбрз маратонец на сите времиња, ќе настапи во трката за мажи на маратонот во Амстердам, бранителот на титулата Еванс Чебет ќе се соочи со двократниот победник Џефри Камворор на маратонот во Њујорк, повеќекратниот глобален шампион и светски рекордер Џошуа Чептегеи ќе го има своето долгоочекувано деби на маратон во Валенсија…, пишува СА. Н.М.