Ферстапен ја одбрани титулата

ФОРМУЛА 1

Холанѓанецот Макс Ферстапен ја одбрани шампионската титула освоена минатата година во Формула 1, откако победи на трката за големата награда на Јапонија, возена на патеката „Сузука“, во лоши, дождливи услови, со што математички ја обезбеди втората титулата. Ова беше 12-та победа за Холанѓанецот сезонава, а вкупно 32. во кариерата, инаку, до крајот на шампионатот остануваат уште четири трки (САД, Мексико, Бразил и ОАЕ).

Поради лошите временски услови, трката беше прекината, по извозени 28 круга, па се чинеше дека нема да има ниту целосно бодовно салдо за најдобрите пилоти. Но тоа правило важи само за трки што не можат да се завршат, што автоматски му ја донесе и титулата светски првак на Ферстапен, кој ја имаше пол-позицијата на трката. Второто место го освои Серхио Перес, а трет низ целта помина Шарл Леклер.
Во генералниот пласман сега Ферстапен има 113 бода повеќе од второпласираниот Перес. Рекордери според бројот на титули, со по седум, се Германецот Михаел Шумахер и Британецот Луис Хамилтон. Г.И.