ПЛИВАЊЕ

Македонскиот истакнат пливачки маратонец Евгениј Поп Ацев, член на клубот Вардар 2018, триумфира на 44-то издание на малиот пливачки маратон „Илинденски куп“, кој се одржа во Охридско Езеро во организација на клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“.
Во конкуренција на 50 натпреварувачи од земјава и од странство, Поп Ацев ја мина патеката во должина од 2,5 км од Горица до Охрид за време од 29:02:71 минути, втор беше неговиот клупски колега Никола Ѓуретановиќ (29:02:98), додека трет низ целта мина Кристијан Стојановски (29:23:46).
Во женска конкуренција најбрза беше шеснаесетгодишната Ивана Неделковска (31:33:80), пред Јована Неделковска (33:07:11) и Росана Гошева (37:59:32), сите три од ПК Скопје.
Во конкуренцијата пливачи од генерацијата 2008 и помлади доминираа пливачките клубови од Скопје. Кај момчињата победи Петар Цеков од ПК Вардар 2018 (29:40:65), а кај девојчињата Сара Јанковиќ од ПК Скопје (32:42:39). Г.И.