ПРОФЕСИОНАЛЕН БОКС

Британскиот боксер Ентони Џошуа го победи Американецот Џермејн Френклин во 12 рунди, во спектаклот што се одржа во Лондон. За Џошуа ова беше 25-та победа во 28-от меч во неговата професионална кариера и сега повторно ќе се обиде да стигне до врвот во тешка категорија, додека Френклин го претрпи вториот пораз, а зад себе има 21 победа.
Џошуа, поранешниот шампион во тешка категорија и покрај тоа што го посакува светскиот првак Тајсон Фјури за следен ривал, исто така ги има Дилион Вајт и Деонтеј Вајлдер како можни следни противници. Г.И.