КАРАТЕ – В САБОТА И В НЕДЕЛА
Утре и задутре во главниот град на Македонија, Скопје, по неколкугодишна пауза поради пандемијата на ковид-19, ќе се одржи третиот во низа голем балкански карате-семинар. Домаќин на овој карате-семинар е Зоран Пејов, носител на црн појас, петти дан, како и карате-центарот „Пејов“, кој се наоѓа во Автокоманда. Семинарот ќе почне в сабота, во 18 часот, и ќе трае до 20 часот, а следниот ден од 14 до 18 часот. На него ќе бидат демонстрирани вештини од ката, борби и самоодбрана. Годинашните семинари почнаа на 2 и 3 јуни во Софија (Бугарија), а потоа и во Кнежа (Бугарија). Семинарот го предводи веќе познатиот тренерски тим, Зоран Пејов, Милан Ѓокиќ од Србија (седми дан) и Тони Петров од Бугарија (седми дан). Г.И.