Фото: Архива

Агенцијата за млади и спорт соопшти дека со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон.

– Како традиција, која Охрид и државата ги става во центарот на светската спортска мапа, Агенцијата за млади и спорт, заедно со Владата Република Северна Македонија, заедно со Агенцијата за млади и спорт и сите надлежни институции, нема да дозволат овој познат, реномиран и светски признаен пливачки маратон да прекине и ќе ја преземе организацијата за одржување на маратонот – велат од Агенцијата.

Со тоа, и годинава Охридскиот маратон во водите на Охридското Езеро ќе ги пречека сите пријавени учесници и ќе продолжи да биде атракција како за вљубениците во спортот, така и за граѓаните на Охрид и за сите туристи кои наменски доаѓаат токму за да го проследат овој голем спортски настан, велат од Агенцијата.