КОШАРКА – НБА
Почна гласањето за олстар-тимовите

Почна гласањето за одредување на кошаркарите што ќе се појават на олстар-натпреварот во НБА помеѓу Истокот и Западот, кој е закажан за 22 февруари 2022 година, во Кливленд. Секој од љубителите на кошарката ќе може да го даде својот глас и да го поддржи својот омилен кошаркар, преку официјалната интернет-страница и апликација, преку Твитер… На 22 јануари ќе заврши гласањето и ќе бидат познати избраните тимови што ќе настапат на олстар-викендот.


ФОРМУЛА 1
Доменикали: Сезона со рекордни над две милијарди гледачи

Претседателот и главен извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, изјави дека шампионатот во 2021 година привлекол рекорден број од две милијарди гледачи. Сезоната, која штотуку заврши, ќе биде запаметена како една од најдобрите со неколку пресврти, откако Холанѓанецот Макс Ферстапен и Британецот Луис Хамилтон до последниот круг се тркаа за титулата кај возачите.
– Извонредна сезона, проследена со повеќе од две милијарди луѓе. Последната трка во Абу Даби беше најгледаниот спортски настан во 2021 година. Ова се стратосферски бројки со кои треба да се гордееме – рече Доменикали за „Мотоспорт“.