Поранешниот број 1 светски тенисер Рафаел Надал, по долго отсуство, се врати на тениските терени со пораз. Шпанецот загуби од Кевин Андерсон (Јужна Африка) на егзибицискиот турнир во Абу Даби.

„Матадорот“ поведе во првиот сет со 6:4 во гемови, но потоа ги загуби следните два – 3:6, 4:6. Па така, тој ќе се сретне во неговиот следен меч со поразениот од натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карен Хачанов во битката за третото место на турнирот во Обединетите Арапски Емирати.

Тоа беше и првиот натпревар за Шпанецот по речиси 4 месеци, откако го откажа настапот на Ју Ес Опен во август оваа година.

– Ова не е најдобриот почеток на сезоната, но морам да одам чекор по чекор за да можам целосно да го опоравам моето тело по оваа серија повреди и мојот долг престој надвор од теренот, рече Надал.

Поради повредите, шпанскиот тенисер учествуваше само на девет турнири во 2018 година, од кои повеќето беа на земјена подлога.