Во Светскиот куп (СК) во алпско скијање за мажи, поради ширењето на коронавирусот, беа откажани трките во Словенија, во Крањска Гора, по што Интернационалната скијачка федерација (ФИС) објави дека ќе нема замена и нови трки сезонава.
Со тоа и официјално заврши сезоната во алпско скијање за мажи, по што титулата севкупен победник му припадна на Норвежанецот Александер Килде, кој собра 1.202 поена. Неговиот сонародник Хенрик Кристоферсен е најдобар во слалом и во велеслалом, Швајцарците Беат Фојц и Мауро Кавизел се најдобри во спуст и во супервелеслалом.

Претходно заврши и скијачката сезона за жени, со неколку откажани трки. Кристалните глобуси ги освоија Италијанката Федерика Брињоне во генерален пласман и во велеслалом, Петра Влхова од Словачка во слалом, а Корине Сутер од Швајцарија во спуст и во супервелеслалом.