Со голот на Филип Талески во последните секунди, Вардар го совлада лутиот ривал Еурофарм Пелистер со 23-22, во финалето на Купот одиграно вечерва во Кавадарци.
Скопјани подобро го отворија мечот и поведоа со 8-4, но битолчани со серија од осум гола стекна предност од 12-8 на полувреме. Еурофарм Пелистер успеа да ја зголеми разликата на пет гола, но Вардар се врати во мечот и славеше во неизвесната завршница.
Стрелецот на победничкиот гол, Талески, беше најефикасен во финалето со шест гола, додека Дарко Ѓукиќ забележа пет, а кај Еурофарм Пелистер се истакнаа Јосип Периќ и Елмир Граѓан со по пет погодоци.
За Вардар ова е 15-ти трофеј во Купот на Македонија.
На почетокот на мечот и по завршување на првото полувреме од финалето имаше неколку инциденти во кои беа вклучени навивачите, по што мораше да интервенира и полицијата.