Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во групата пет, Шпанија и Македонија водат со по четири бода по две кола. На ЕП 2024 ќе играат првопласираните две селекции од секоја од осумте квалификациски групи и четирите најдобри меѓу третопласираните

РАКОМЕТ – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави поширокиот список со 35 ракометарки, од кои 16 се интернационалки, за претстојните два натпревара со селекцијата на Шпанија во квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) годинава.
Досега македонската репрезентација оствари две победи од исто толку натпревари. Прво убедливо беше совладан на домашен терен Азербејџан, а потоа и Литванија на гости. Сениорките ќе играат со Шпанија прво во СЦ „Борис Трајковски“ на 29 февруари (18 ч.), а на 3 март (17 ч.) ќе биде возвратниот дуел на гости. На ЕП 2024, кое треба да се одржи во Австрија, Унгарија и во Швајцарија (од 28 ноември до 15 декември), ќе играат првопласираните две селекции од секоја од осумте квалификациски групи, како и четирите најдобри меѓу третопласираните репрезентации. Во групата 5, Шпанија и Македонија водат со по четири бода по две кола.
Состав: Јована Мицевска, Слободанка Кицеска, Драгана Петковска, Јована Саздовска, Сара Ристовска, Марија Тасевска, Андреа Илиќ, Ивана Џатевска, Сања Дабевска, Бојана Диневска, Леонида Гичевска, Ангела Јанкуловска, Симона Маџовска, Сара Стефаноска, Ивана Арсениевска, Бојана Коцева, Елена Ѓорѓијевска, Марија Јанкуловска, Ива Божиновска, Ива Младеновска, Ана Марија Коларовска, Марија Гугуљанова, Јана Калајџиевска, Анастасија Николовска, Сара Миновска, Катерина Дамјаноска, Теодора Гулицоска, Милица Николиќ, Јована Кипријановска, Андреа Седлоска, Борјана Коцева, Емилијана Ризоска, Теодора Дукоска, Ема Кирова, Ивана Гакидова. Г.И.