Ривалите на македонската ракометна репрезентација во групата Ф, на претстојното Светско првенство (СП) во Полска и во Шведска, во јануари в година, забележаа победи во почетокот на квалификациите за пласман на Европското првенство. Норвешка беше убедлива на свој терен против Словачка (38-26), а Холандија со 25-24 ја совлада Белгија пред своите гледачи. Во оваа група е уште и Аргентина. Г.И.