Ова е едно големо искуство за нас, треба да сме задоволни и да научиме доста лекции, изјави селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров по поразот од Франција (32-25).
– Ова е едно големо искуство за младите играчи, носејќи се со вакви ѕвезди кои секоја година освојуваат по повеќе титули, а ние доаѓаме од една мала Македонија, од македонска Суперлига. Мора да сме задоволни, со една мала горчина дека можевме повеќе. Но, знаете, треба да верувате во тие работи, а ние не верувавме – истакна Лазаров по мечот.
Македонија ја заврши главната фаза на четвртото место и ќе се пласира од 13. до 16. позиција на шампионатот.