Девојките се бореа и увидоа дека можат да играат против секого, вели селекторот Кристијан Грчевски по вториот пораз (20-24) од Шпанија на гостински терен

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024 ЗА РАКОМЕТАРКИ

Женските ракометни репрезентации на Романија, Холандија, Франција, Шпанија, Црна Гора, Шведска во неделата, а Данска уште минатата недела, веќе обезбедија пласман по четвртото коло на Европското првенство (ЕП), кое годинава ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Македонската репрезентација го доживеа и вториот пораз од Шпанија во овие квалификации, но сега на гости, со 20-24. На дуелот во Скопје, неколку дена претходно, Шпанија победи со 31-19.
– Импресиите се позитивни. За разлика од првиот меч, поправивме многу сегменти во играта, а девојките се бореа и увидоа дека можат да играат против секого. Довербата кај нив сега е на повисоко ниво и сме на добар пат да направиме многу повеќе од ова досега и секако да обезбедиме пласман на ЕП. Ако играме како сега и поправиме некои работи, без проблем ќе бидеме на ЕП. Понатаму ќе имаме повеќе време да бидеме заедно, да ги исправиме сите аномалии и да постигнеме некаков резултат на ЕП, а не да бидеме само учесници – вели македонскиот селектор Кристијан Грчевски.
Најдобри стрелци во македонскиот состав беа Симона Маџовска и Јована Кипријановска со по три гола, додека кај Шпанија, во чиј состав отсуствуваа Кабрал Барбоса и Луса Чапчет, најпрецизна беше Данила Пинто, со четири.
– Среќни сме што обезбедивме билет за следното ЕП. Секако, имаме уште два дуела во овие квалификации, но сега имаме време да размислуваме и за олимписките квалификации – изјави шпанскиот селектор Амброс Мартин.
По некомплетното 4. коло, најефикасна репрезентација е Франција со 181 гол од 240 шута (74,4 отсто), втора е Шведска 150/210 (71,4), а трета Данска 149/198 (75,2). Македонија со позитива од 10 гола е на 15-то место со 110/173 (63,6). Поединечно, најефикасна е левото француско крило Велонтини со 30 гола од 40 обида (80 отсто), додека најефикасна Македонка е десното крило Сара Ристовска 20/27 (74,1), на 15-то место. Македонија моментно е втора на табелата во групата пет, со четири бода. На ЕП ќе се пласираат двете најдобри од секоја од осумте групи, како и четирите најдобри третопласирани селекции. Г.И.


ГРУПА 1: Хрватска – Романија 23-25, Грција – Бугарија 27-23. Табела: Романија 8, Хрватска 4, Грција 4, БиХ 0. Идно коло: Грција – Хрватска, БиХ – Романија.
ГРУПА 2: Украина – Израел 32-28, Германија – Словачка 32-18. Табела: Германија 4/3, Украина 6, Словачка 2, Израел 0/3. Идно коло: Украина – Германија, Израел – Словачка.
ГРУПА 3: Холандија – Чешка 42-25, Португалија – Финска 38-22. Табела: Холандија 8, Чешка 4, Португалија 4, Финска 0. Идно коло: Португалија – Холандија, Финска -Чешка.
ГРУПА 4: Франција – Словенија 41-22, Италија- Летонија 43-8. Табела: Франција 8, Словенија 4, Италија 4, Летонија 0. Идно коло: Италија – Франција, Летонија – Словенија.
ГРУПА 6: Црна Гора – Србија 26-25, Турција – Бугарија 38-13. Табела: Црна Гора 8, Турција 5, Србија 3, Бугарија 0. Идно коло: Турција – Црна Гора, Бугарија – Србија.
ГРУПА 7: Шведска – Исланд 37-23, Ф. Острови – Луксембург 39-21. Табела: Шведска 8, Исланд 4, Ф. Острови 4, Луксембург 0. Идно коло: Ф. Острови – Шведска, Луксембург – Исланд.
ГРУПА 8: Данска – Полска 39-31. Табела: Данска 8/4, Полска 0/2, Косово 0/2. Идно коло: Косово – Полска.


Резултати 4. коло

Шпанија – Македонија 24-20
Литванија – Азербејџан 41-26

ТАБЕЛА
Шпанија 4 4 0 0 8
Македонија 4 2 0 2 4
Литванија 4 1 0 3 2
Азербејџан 4 1 0 3 2
Двојки 5. коло (03.04.): Азербејџан – Македонија, Литванија – Шпанија.