РАКОМЕТ

Првите мечеви на 16 ракометни репрезентации на 28. Светско првенство (СП) за мажи што се игра во Полска и во Шведска поминаа без изненадувачки резултати. На осумте натпревари фаворитите на хартија славеа, а со тоа ги впишаа и првите бодови. Во воведниот натпревар во групата Б, олимпискиот шампион и четвртопласиран од СП 2021, Франција, го совлада домаќинот Полска (26-24) во Катовице. Тоа беше првпат од 1997 година домаќините да претрпат пораз во првиот дуел на СП.
На овие осум дуели најмногу голови беа видени на мечот Унгарија – Јужна Кореја (62), а најмалку на средбата Шведска – Бразил (34). Поединечно најрасположена беше Унгарија (35), а најнеефикасен Бразил (18)…. По осумте натпревари и некомплетното прво коло, левото крило на Исланд, Бјарки Мар Елисон, е прв стрелец со девет гола, го следи десното крило на Португалија, Педро Портела, со осум, а централниот бек на Унгарија, Мате Лекаи, е трет со седум погодоци. Г.И.


СП 2023

ГРУПА А
Чиле – Иран 24-25
Шпанија – Ц. Гора 30-25
Ц. Гора – Иран 18 ч.
Шпанија – Чиле 20.30 ч.
ГРУПА Б
Франција – Полска 26-24
С. Арабија – Словенија 19-33
Франција – С. Арабија 18 ч.
Полска – Словенија 20.30 ч.
ГРУПА Ц
Зелено`ртски О. – Уругвај 33-25
Шведска – Бразил 26-18
Бразил – Уругвај 18 ч.
Шведска – Зелено`ртски О. 20.30 ч.
ГРУПА Д
Унгарија – Ј. Кореја 35-27
Исланд – Португалија 30-26
Португалија – Ј. Кореја 18 ч.
Исланд – Унгарија 20.30 ч.
ГРУПА Е
Германија – Катар синоќа
Србија – Алжир синоќа
Германија – Србија утре, 18 ч.
Катар – Алжир утре, 20.30 ч.
ГРУПА Ф
Норвешка – Македонија синоќа
Аргентина – Холандија синоќа
Македонија – Холандија утре, 18 ч.
Норвешка – Аргентина утре, 20.30 ч.
ГРУПА Г
Египет – Хрватска синоќа
Мароко – САД синоќа
Египет – Мароко утре, 18 ч.
Хрватска – САД утре, 20.30 ч.
ГРУПА Х
Бахреин – Тунис синоќа
Данска – Белгија синоќа
Белгија – Тунис утре, 18 ч.
Данска – Бахреин утре, 20.30 ч.