Мотор Запорожје, клубот кој успеа да го совлада Вардар во СЕХА-лигата, и овојпат го намачи европскиот шампион, но „црвено-црните“ на крајот се враќаат со победа од 31-30 од Украина, во меч во кој противникот успеа да даде гол, за среќа по истекот на регуларните 60 минути.

Домашната предност и цврстата игра во одбраната им донесе на Мотор водство од два гола на полувреме (18-16), а во текот на целото второ полувреме се играше израмнето, пред во финишот, Вардар да стигне до предност која ја заддржа и го имаше последниот напад со гол предност, пред украинскиот тим да ја украде топката и да постигне гол, кој сепак, судиите не го признаа поради истекот на времето.

Ова е трета победа во првите три кола во Лигата на шампионите, по која се на првото место во групата Б со шест поени пред Кил со пет и единствен во групата со максимален учинок.

Најрасположени за игра беа Тимур Дибиров со девет гола и Даинис Криштопанс со осум, додека Калараш уфрли пет погодоци.