На завршниот фајнафор-турнир во Келн, првпат беше лансирана паметната топка на брендот „Селект“, која во внатрешноста има чипови, кои читаат различни параметри и комплетираат еден поинаков вид статистика.
Во полуфиналните дуели на фајналфорот паметната топка ги регистрираше најсилните шутери, меѓу кои со 133 км/ч отскокнува десниот бек на Монпелје Мелвин Ричардсон. Втор на листата е неговиот клупски колега, десниот бек Валентин Порт со 126 км/ч, а трет е пикерот на Вардар Рожерио Мораеш со 124 км/ч.