РАКОМЕТ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

Шведскиот репрезентативец, член на германскиот вицепрвак Фленсбург, левото крило Хампус Ване постави светски рекорд во најбрзо постигнување три гола од игра, во натпревар од ракометната Лига на шампионите (ЛШ). Во дуелот со францускиот првак ПСЖ, Ване за само 35 секунди постигна три погодока.
Првиот гол го постигна од позициски напад, кога семафорот покажуваше две минути и 13 секунди игра, за 2-2, потоа Французите брзо ја загубија топката, па Ване од контранапад го реализира својот втор гол за 3-2, а по повторната грешка на францускиот тим, овој пат од транзиција, левото крило на Фленсбург го постигна третиот погодок, кога семафорот покажуваше 2:48 минути игра на натпреварот, за 4-2.
На тој меч Ване постигна вкупно осум гола од девет шута и беше најефикасен стрелец во минималната победа со 28-27 над францускиот тим. Во последното коло сезонава во Лигата на шампионите, Фленсбург му гостува на Киелце (двата тима имаат по 19 бода) во меч за првата позиција на табелата во групата А.