Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ постави нов рекорд во фудбалската Лига на шампионите.
Во натпреварот од 6. коло од групната фаза против Селтик, Хрватот реализираше пенал и стана најстариот играч кој постигнал гол од 11 метри на турнирот.
Модриќ постигна гол на 37 години и 54 дена.
Претходниот рекорд го држеше напаѓачот Бурак Јилмаз, кој погоди од пенал за Лил на 36 години и 244 дена во осминафиналето на Лигата на шампионите 2021/22 против Челзи (1-2).
Натпреварот Реал – Селтик се игра вечерва во Мадрид, на полувреме Реал води со 2:0. И вториот гол Реал го постигна од пенал, овој пат стрелец беше Родриго. Интересно е што пенал имаа и гостите, но не успеаја да го реализираат.