Фото: Ждрепка ЛШ/ЕПА

Денеска во Монако беше извршена ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите, а една група се издвојува како посебно силна.

Групата Ф е групата на смртта за новата сезона во Лигата на шампионите, а во неа силите ќе си ги одмерат ПСЖ, Милан, Борусија Дортмунд и Њукасл.

Единствениот македонски репрезентативец во ова натпреварување, Елиф Елмас ќе игра во групата Ц каде се уште и Реал Мадрид, Брага и Унион Берлин.

Актуелниот шампион, Манчестер Сити ќе игра во групата Г, заедно со Црвена звезда Лајпциг и Јанг Бојс.

Група А
Баерн Минхен
Манчестер јунајтед
ФК Копенхаген
Галатасарај

Група Б
Севиља
Арсенал
ПСВ Ајндховен
Ленс

Група Ц
Наполи
Реал Мадрид
Брага
Унион Берлин

Група Д
Бенфика
Интер
Салцбург
Реал Сосиедад

Група Е
Феенорд
Атлетико Мадрид
Лацио
Селтик

Група Ф
ПСЖ
Борусија Дортмунд
Милан
Њукасл

Група Г
Манчестер Сити
Лајпциг
Црвена звезда
Јанг Бојс

Група Х
Барселона
Порто
Шахтар
Антверпен