Фото: фејсбук

Машката и женската шаховска екипа на Алкалоид водат и по петтото коло на екипните првенства на Македонија, кои во седум кола се одржуваат во х. „Метропол“ во Охрид. Кај мажите (се игра на шест табли) Алкалоид, кој ја брани титулата, со 4,5-1,5 го совлада и Шкупи и на две кола до крајот на првенството води со максимални пет победи и 10 бода. Два бода помалку има Гамбит Асеко СЕЕ, а трет е Прилеп со шест бода. Следат Гостивар и Куманово 1 со по пет бода, Шкупи има три, Анпасан два, а Пелагон има еден бод.

Кај шахистките (се игра на четири табли), каде што тутулата од лани ја брани Центар, неизвесноста и натаму продолжува. На две кола до крајот, Алкалоид и Центар имаат по максимални 10 бода, но Алкалоид е моментно прв оти има подобар збир на поени по табли, 2,5 повеќе од Центар. Трет е Неготино со осум, а следуваат Гамбит Асеко СЕЕ со четири, Фишер и Куманово 1 по три, Гостивар два, а Стево Патако е без освоен екипен бод.

Резултати 5. коло (мажи): Алкалоид – Шкупи 4,5-1,5, Гостивар – Анпасан 2,5-3,5, Пелагон – Прилеп 1-5, Гамбит Асеко СЕЕ – Куманово 1 3,5-2,5. Табела: Алкалоид 10, Гамбит Асеко СЕЕ 8, Прилеп 6, Гостивар и Куманово 1 по 5, Шкупи 3, Анпасан 2, Пелагон 1.

Резултати 5. коло (жени): Неготино – Центар 1,5-2,5, Алкалоид – Гамбит Асеко СЕЕ 4-0, Гостивар – Стево Патако 3-1, Куманово 1 – Фишер 2-2. Табела: Алкалоид 10, Центар 10, Неготино 8, Гамбит Асеко СЕЕ 4, Фишер и Куманово 1 по 3, Гостивар 2, Стево Патако 0.

 
Г.И