Фото: КФМ

Претквалификации за Евробаскет 2025

Македонската кошаркарска репрезентација загуби од Словачка со 73-82 на вечерашното гостување во Левице. Избраниците на селекторот Александар Јончевски не успеаја да ја продолжат успешната серија во претквалификациите за Евробаскет 2025 по четирите победи.

Најефикасен во македонскиот состав беше Ти Џеј Шортс со 24 поени, а Бојан Крстевски постигна 14. Словаците до третата победа во групата ги предводеше Симон Крајович со 23 поени.

Во вториот натпревар од 5. коло во оваа група, вечерва играат Данска и Норвешка.

На македонската репрезентација за пласман во квалификациите потребна ѝ е победа над Норвешка во Осло, во последното коло в недела. Во спротивно, ќе зависи од резултатот на другите репрезентации.