Фото: Влада

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Западот ќе продолжи да ја поддржува Украина се додека е потребно, но не би било „паметно“ за Киев да го користи оружјето кое го добива за да ја нападне руската територија, објави Ројтерс.

-Испраќањето авиони во Украина за борба „моментално нема логика“ – Шолц изјавил во интервју за германскиот јавен сервис ЗДФ.

На почетокот на месецот Германија одобри испраќање тенкови „Леопард“ во Украина.