КОШАРКА

По одигрувањето на натпреварите од претквалификациите, познати се сите репрезентации што ќе настојуваат да обезбедат пласман на Европското првенство (ЕП) во кошарка за мажи, кое ќе се одржи следната година.
Покрај Македонија, тоа се: Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Исланд, Израел, Италија, Лeтонија, Литванија, Црна Гора, Холандија, Полска, Португалија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Турција и Украина.
Репрезентациите ќе бидат поделени во осум групи, а секоја група ќе има по четири селекции. Квалификациите ќе се играат во три т.н. „прозорци“ од 19 до 27 февруари 2024, од 18 до 26 ноември 2024 и од 17 до 25 февруари 2025 година.
По три најдобри селекции од секоја група, освен групите во кои ќе се пласираат домаќините на ЕП, Кипар, Полска, Финска и Летонија, ќе се пласираат во финалната рунда. Од групите, пак, во кои ќе играат домаќините, во следната фаза ќе се пласираат двете најдобри селекции.
Европското првенство е закажано од 27 август до 14 септември 2025 година, а градови домаќини се Тампере, Лимасол, Рига и Катовице.
Ждрепката ќе се одржи утре во Минхен (11.30 часот), а градови домаќини се Кипар, Финска, Полска и Летонија, кои веќе имаат обезбедено директен пласман. Г.И.