Повикани се 23 играчи, од кои двајца интернационалци

Кошаркарската кадетска репрезентација на Македонија (за играчи до 16 години) летово (5-13 август) ќе биде домаќин на Европското првенство (ЕП), дивизија А, во Скопје. За таа цел од денеска, со почеток во 19 часот, во СРЦ „Кале“, почнува првиот дел на репрезентативните подготовки под раководство на селекторот Александар Јованчев и неговите асистенти Милош Нинковиќ и Тино Даневски. На подготовките се повикани 23 кошаркари, од кои двајца интернационалци, Доријан Ивановски, кој настапува во Хрватска, и Тодор Делипетров во Италија, а најмногу домашни играчи (шест) од 10-те клуба има од КК Вардар.
Список на повикани играчи: Доријан Ивановски, Тодор Делипетров, Сергеј Петровиќ, Борјан Китановски, Лазар Кузмановски, Глигор Цаневски, Филип Сребров, Никола Јаничиќ, Лука Марјановиќ, Дамјан Ивановски, Лука Шуменковски, Лука Антиќ, Марио Симиќ, Даријан Димовски, Григориј Ѓорѓевиќ, Љубен Ефтимовски, Алексеј Нешовиќ, Жарко Терзиевски, Стефан Сапроновски, Илин Најков, Христијан Несторовски, Благојче Димитровски, Матеј Митревски. Г.И.