Фото: ФИБА

Македонската кошаркарска репрезентација загуби од Израел (86-65) на првиот настап на претквалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри, на турнирот кој се игра во Талин, Естонија.

Избраниците на селекторот Александар Јончевски имаа пет поени негатива по првиот период, Израелците ја зголемија предноста до полувреме и имаа плус девет, но нашите најдобри кошаркари немаа сили за пресврт во продолжението.

Противникот го засили темпото во третиот период и фактички го најави победникот, потврдувајќи го убедливиот триумф до крајот, за конечни 86-65.

Шорц со 22 и Магдевски со 11 поени беа најефикасни во македонскиот состав, додека кај противникот, Соркин реализираше 21 поен.

Македонија веќе утре го продолжува настапот на овој турнир и за противник од 18 часот ја има домашната селекција на Естонија, која денеска загуби од Чешка.