Брони, кој наполни 20 години во неделата, влезе во мечот во втората четвртина, а неговиот татко, кој се подготвува за својата 22. сезона, веќе беше во игра
КОШАРКА
Леброн Џејмс и неговиот син Брони влегоа во историјата на кошаркарската НБА-лига, откако во неделата играа заедно на претсезонскиот натпревар на Лос Анџелес лејкерс со Феникс во Калифорнија. Тие се првиот двоец татко и син што воопшто играл во исто време и во ист тим во историјата на НБА. Брони, кој наполни 20 години во неделата, влезе во игра во втората четвртина, а неговиот татко, кој се подготвува за својата 22. сезона, веќе беше во игра по барање на гледачите.
Леброн постигна 19 поени, пет скока и четири асистенции за 16 минути игра, а Брони остана без постигнат кош за 13 минути, со два скока и четири загубени топки во поразот на Лејкерс (114-118), пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Во своето професионално деби во петокот, Брони излезе од теренот со еден погоден шут од шест обида и имаше три блокади за 16 минути игра против Минесота, а Леброн, кој ќе наполни 40 години во декември, седеше на клупата во текот на тој меч.
Брони беше избран во втората рунда (вкупно 55-ти) на годинашниот драфт од ЛА лејкерс по една сезона во Јужна Калифорнија. Тој имаше просек од 4,8 поени, 2,8 скока и 2,1 асистенции на 25-те меча (шест како стартер) во текот на неговата едногодишна колеџ-сезона. Г.И.