Американскиот телевизиски канал И-ес-пи-ен го претстави ажурираниот рејтинг со шансите на тимовите да стигнат до НБА-плејофот и да го освојат трофејот.
Главните кандидати за титулата според резултатите од симулацијата се Милвоки бакс (40 отсто) и актуелниот шампион Голден Стејт вориорс (23 отсто).
Интересно е типот за Лос Анџелес лејкерс, тим на кој му се даваат само 0,9 отсто шанси да биде во првите осум во Конференцијата, односно да игра плејоф.
Според оваа пресметка „езерџиите“ ќе ја завршат сезоната на 12. место во Западната конференција со резултат 38 победи и 44 порази, а со тоа ќе се стави крај на 13-годишната серија на учество во плејофот за првата ѕвезда на Лејкерси, Леброн Џејмс.
Овој рејтинг на реномираниот спортски ТВ-канал се базира на коефициентот на сложеност на игрите и последните перформанси на секој тим, а пресметката е направена со методот од десет илјади компјутерски симулации за остатокот од сезоната.