На тенискиот турнир во Анталија, Турција, со награден фонд од 15 илјади долари, македонските тенисери играат со променив успех.

Томислав Јотовски, иако настапува со лесна повреда на палецот, сепак успеа да ги мине првите две квалификациски кола без изгубен сет.

Најнапред го совлада Аргентинецот Алан Постаи, а потоа и Обрад Марковски. Утре, во решавачкиот дуел за пласман на главниот турнир, Јотовски ќе игра против Гркот Сакеларидис.

Третиот македонски играч во квалификациите, Берк Бугариќ испадна во второто квалификациско коло од Јапонецот Уесуги.

На главниот турнир директно се пласира Горазд Србљак кој за противник на стартот ќе го има 17-годишниот Ерик Арутиниан од Белорусија.