Фото: „Нова Македонија“

ФУДБАЛ

Манчестер сити, Барселона, Пари сен Жермен и Баерн водат без загубен бод по првите неколку кола во фудбалските првенства на Англија, Шпанија, Франција, односно на Германија. Барселона има серија од пет победи (вкупна гол-разлика 17-4), по четири триумфа во низа забележаа Пари сен Жермен (16-3) и Манчестер сити (11-3), а Баерн победи трипати (11-3) во првите три кола. Од нив, Манчестер сити има и девет победи по ред во финишот на ланското првенство во Англија. Н.М.