ФУДБАЛ – МЕЧ ЗА ЕВРОПСКАТА ТИТУЛА, АНГЛИЈА – ГЕРМАНИЈА

Преполниот стадион „Вембли“ ги очекува утре (18 ч.) финалистите на Европското првенство (ЕП) за фудбалерки, Англија и Германија. Неколку рекорди на посетеност беа соборени на ЕП 2022, а вкупниот рекорд на посетеност на турнирите од 240.055, поставен на ЕП 2017, сега е двојно зголемен (по полуфиналињата достигна 487.683 гледачи). Финалето, пак, треба да воспостави уште еден главен репер, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА).
Со капацитет на стадионот „Вембли“ од нешто повеќе од 87.000, гледачите имаат шанса да бидат дел од новиот рекорд на сите времиња на посетеност на натпревар од ЕП. Актуелниот рекорд на посетеност на финален меч на ЕП, мажи или жени, е поставен на машкото финале во 1964 година помеѓу Шпанија и СССР, пред 79.115 гледачи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
Соборените рекорди на посетеност на ЕП за фудбалерки вклучуваат: вкупна посетеност на турнирот 487.683 гледачи, без финалето, највисока посетеност на натпревар од групна фаза, 68.871 (Англија – Австрија), највисока посетеност во меч од групната фаза во кој не игра домашна селекција, 22.596 (Швајцарија – Холандија), највисока посетеност на четвртфинале, 28.994 (Англија – Шпанија), највисока посетеност на четврт-финале во кое не учествуваат домаќините, 16.025 (Германија – Австрија), највисока посетеност на полуфинале, 28.624 (Англија – Шведска) и највисока посетеност на полуфинале во кое не игра домаќинот, 27.445 (Германија – Франција), објави УЕФА.