Европската фудбалска унија (УЕФА) најави дека правилото воведено на годинашното Европско првенство (ЕП) според кое само капитените можеа да разговараат со судијата за време на натпревар ќе биде проширено и на европските клупски натпреварувања. Секој фудбалер на континенталниот шампионат што се одигра во Германија што му пријде на судијата, освен капитенот, добиваше жолт картон, а тоа ќе биде случај во Лигата на шампионите (ЛШ), Лига Европа (ЛЕ) и во Конференциската лига (КЛ) во новата натпреварувачка сезона, пишува „Би-би-си“.
Одлуката донесе огромно зголемување на бројот на покажани жолти картони, вкупно 166 доделени во групната фаза на ЕП 2024, во споредба со 98 покажани во истиот период на претходното Европско првенство, играно во 2021 година.
Од Европската фудбалска унија изјавија дека новите правила го подобриле „имиџот на фудбалот“ и помогнале да се „пренесе“ почит, пишува „Би-би-си“.
– Почнувајќи од новата сезона на клупските натпреварувања, овој пристап ќе биде проширен на сите мечеви во натпреварувањата на Европската фудбалска унија – пишува УЕФА, пренесе „Би-би-си“. Н.М.