Во рамките на второто коло од квалификациите за ЕП во Германија 2024, Исланд на гости го совлада Лихтенштајн со 7-0, а Португалија исто така на гости го декласира Луксембург со 6-0

ФУДБАЛ – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024

Во рамките на второто коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во фудбал, кое ќе се игра во Германија 2024 година (14 јуни-14 јули), фаворитите Португалија, Италија, Англија, Исланд, Словенија, одиграа според планот. Изненадување претставува поразот на Данска на гости против Казахстан 2-3, иако по првото полувреме водеше со 2-0.
Португалија го декласира Луксембург со 6-0 (4-0). Кристијано Роналдо постигна два погодока, во деветтата и 31-та минута, додека стрелци беа уште Жоао Феликс и Бернардо Силва, а во вториот дел мрежата ја затресоа Отавио Рафаел и Леао. Светскиот рекордер по бројот на настапи во репрезентацијата Роналдо се врати во репрезентацијата откако на селекторското место дојде Роберто Мартинез и моментно Португалците имаат максимални шест бода во својата група.
Ова беше единаесетти гол во 11 мечеви против Луксембург за Роналдо, а вкупно 15-ти на последните осум натпревари. Во моментов Роналдо е на второто место на листата на стрелците во евроквалификациите со четири гола, додека прв е Данецот Расмус Хојлунд со пет погодоци.
Азурите со 0-2 беа сигурни на гостински терен против Малта, за прва победа во групата во која се натпреварува и Македонија. Својот втор гол во националниот дрес го постигна Матео Ретегуи, а мечот беше дефинитивно осигурен со голот на играчот на Милан, Матео Песина, во 27-та минута. Англија го реши натпреварот против Украина уште во првите 45 минути кога поведе со 2-0, со головите на Кејн и Сака. Во групата Ц, Англија моментно води со шест бода, додека Италија и Македонија имаат по три. Без бод се Украина и Малта.
Изненадување, секако, претставува поразот на Данска на гости против Казахстан, 2-3, уште повеќе, што по првиот дел водеше со 2-0.
На другите терени, Словачка беше подобра од Босна и Херцеговина со 2-0, додека Финците освои важни бодови на гости против Северна Ирска, славејќи минимално со 1-0.
Македонската репрезентација беше слободна, па вчера во Скопје требаше да одигра пријателски меч со Фарски Острови. Г.И.