Карбахал на СП 1958 година

Мексиканецот Антонио Карбахал, првиот фудбалер што настапи на пет светски првенства (СП), почина на 93 години. Познат меѓу навивачите во Мексико како Ел Синко, Карбахал,с кој беше голман играше на СП во Бразил во 1950-та, Швајцарија во 1954-та, Шведска во 1958-та, Чиле во 1962-та и Англија во 1966 година. Рекордот го држеше до појавувањето на Германецот Лотар Матеус, чие СП во Франција во 1998 година беше петто во неговата кариера.
Легендарниот Мексиканец одигра 48 репрезентативни натпревари, од кои 11 на мундијалите, плус 409 на клупско ниво. Поголемиот дел од кариерата го мина во мексиканскиот клуб Леон, за кој одигра 364 настапи во текот на 16 години.
– Дон Антонио, легендите никогаш не умираат – е пораката што доаѓа од неговиот клуб Леон.
Освен Карбахал, само четворица други играчи во историјата на фудбалот играле пет пати на мундијалите. Од нив, двајца се Мексиканци, Андрес Гвардадо и Рафаел Маркез, кои го повторија тоа достигнување, заедно со Аргентинецот Лео Меси, Португалецот Кристијано Роналдо и Германецот Матеус. Г.И.