СП 2026
- Аргентинецот стана првиот во историјата што постигнал гол на седум натпревари во низа на светските првенства, продолжувајќи го рекордот
Лионел Меси повторно постигна гол на Светското првенство (СП) 2026, со што стана првиот во историјата што постигнал гол на седум натпревари во низа на СП. Овој пат од слободен удар откако од клупата влезе во игра, што претставува шести за него на овој Мундијал. Меси (39) го зголеми својот број на дадени голови во кариерата на СП на 19, а Аргентина, која ја брани титулата од пред четири години, славеше над Јордан со 3-1, пишува „Би-би-си“.
– Меси, кој за првпат по четврт-финалето во 2006 година (кога Аргентина беше поразена од домаќинот Германија) влезе во игра од клупата за резерви, помина еден час на теренот пред конечно да го изведе слободниот удар во 80-та минута. Тоа беше неговиот 72. гол во кариерата од слободен удар, вклучувајќи го и неговиот 12. за Аргентина. Меси сега има дадено 123 репрезентативни гола, втор е на сите времиња по 145-те на Кристијано Роналдо во 202 настапи – пишува АП.
Капитенот на Аргентина со 123-от гол, пак, ги надмина Французинот Жист Фонтен и Бразилецот Жаирзињо, со кои беше израмнет. Со овој шести гол на СП, Меси сега го зголеми вкупниот број на дадени голови во кариерата на 19, што е исто така рекорден. Минатиот понеделник, Меси го сруши рекордот на Мирослав Клосе од 16, со двата гола против Австрија и сега има три повеќе од Французинот Килијан Мбапе, кој засега постигна четири на ова СП, колку што реализираа уште Бразилецот Винициус Жуниор, Французинот Усман Дембеле и Норвежанецот Ерлинг Холанд. Актуелниот шампион, кој беше прв во својата група и пред дуелот со селекцијата на Јордан, ќе се соочи во осминафиналето со пријатното изненадување, селекција на Зелено`ртските Острови, пишува „Би-би-си“. Г.И.


































