Фото: Твитер/Официјален профил на ЛШ

Двојките од четврт-финалето на фудбалската Лига на шампионите беа одредени со денешната ждрепка влечена во Нион, Швајцарија.

Европскиот првак Реал Мадрид ќе ја продолжи одбраната на титулата со четвртфинална пресметка против Челси. Најголемото дерби во оваа фаза од натпреварувањето е дуелот меѓу Манчестер Сити и Баерн Минхен.

Интер за ривал ја доби Бенфика, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Наполи ќе се сретнат со Милан.

Победниците од дуелите Милан – Наполи и Бенфика – Интер ќе го сочинуваат првото полуфинале, додека во второто ќе вкрстат подобрите од дуелите Реал – Челси, односно Баерн – Сити.

Првите натпревари од четврт-финалето на програмата се на 11/12 април.

Четвртфинални двојки, ЛШ

Реал Мадрид – Челси
Интер – Бенфика
Манчестер сити – Баерн Минхен
Милан – Наполи

Полуфинални двојки, ЛШ

Милан/Наполи – Интер/Бенфика
Реал Мадрид/Челси – Манчестер сити/Баерн Минхен


Одреден патот до финалето во Лига Европа и Конференциската лига

Со жрепка попладнево во седиштето на УЕФА во Нион се одредени двојките за четврт-финалето и потенцијалните полуфинални пресметки во второто и третото по ранг европско клупско натпреварување, Лига Европа и Конференциската лига. Четвртфиналните средби се играат на 13 и 20 април, додека полуфиналните дуели се закажани за 11 и 18 мај.

Четвртфинални двојки, Лига Европа

Манчестер јунајтед – Севилја
Јувентус – Спортинг
Баер – Унион Сент-Жил
Феенорд – Рома

Полуфинални двојки, Лига Европа

Јувентус/Спортинг – Манчестер јунaјтед/Севилја
Феенорд/Рома – Баер Леверкузен/Унион Сент – Жил

Четвртфинални двојки, Конференциска лига

Лех Познањ – Фиорентина
Гент – Вест Хем
Андерлехт – АЗ Алкмар
Базел – Ница

Полуфинални двојки, Конференциска лига

Лех Познањ/Фиорентина – Базел/Ница
Гент/Вест Хем – Андерлехт/АЗ Алкмар

Финалето во Лига Европа е на програмата на 31 мај на „Пушкаш арена“ во Будимпешта, додека завршниот натпревар во Лигата на конференции ќе се одигра на 7 јуни на „Еден Арена“ во Прага.