Фото: МИА

Бојан Јовановски – Боки 13, денеска е хоспитализиран во Универзитетската клиника за хируршки болести Св.Наум Охридски Скопје, заради извршување на хируршка интервенција, тотална гастректомија, односно целосно отстранување на витален орган – желудник, информираат од неговиот правен тим.

Согласно специјалистичкиот извештај, во соопштението се наведеува, дека за извршувањето на операцијата е формиран тим на повеќе хирурзи – специјалисти од областа кои, во наредните денови ќе му бидат извршени сите потребни испитувања и подготовки за операцијата, по што ќе пристапат кон извршување на операцијата.
– Истовремено напоменуваме дека хирурзите – специјалисти  се оградуваат од ризикот и одговорноста за исходот од оперативниот зафат, дотолку повеќе што тие навремено и повеќекратно даваа категорични препораки и укажувања преку конзилијарните стручни мислења да не дојде до оваа операција и да се избегне овој мутилантен хируршки зафат, од причини што самата хируршка интервенција е високо ризична и сложена, придружувана со можни компликации кои можат да бидат кобни за пациентот – се вели во соопштенито од правниот тим на Јовановски.
Јовановски-Боки издржува казна затвор од девет години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари во случајот „Рекет“.