Медицински совет

Швајцарските истражувачи открија дека бактериите што предизвикуваат болести на непцата и лош здив можат да го зголемат ризикот од срцеви заболувања. Состојбата на непцата, позната како Ф. нуклеатум, може да го зголеми воспалението на срцето. Студијата го следеше здравјето на срцето на повеќе од 3.000 лица во текот на 12 години и ја тестираше нивната крв за антитела.
Поранешната студентка Флавија Ходел од Факултетот за природни науки на Федералниот политехнички универзитет во Лозана рече дека болеста на непцата може да придонесе за кардиоваскуларен ризик.
Тимот откри дека оние луѓе што имале антитела на Ф. нуклеатум во крвта – што сугерира дека имале заболување на непцата во одреден момент од животот – имале малку зголемен ризик од срцев и мозочен удар.
Професорот Жак Фелај од Факултетот за животни науки рече дека истражувањето додава сѐ повеќе докази дека воспалението предизвикано од инфекции може да придонесе за развој на коронарна срцева болест и да го зголеми ризикот од срцев удар.
Срцевата болест е широк поим за состојби што влијаат на срцето или крвните садови и е една од водечките причини за смрт и инвалидитет во Велика Британија. Околу 7,6 милиони Британци живеат во услови што убиваат околу 460 луѓе дневно. Состојбите вклучуваат срцев удар, кога крвта до срцето е блокирана од акумулација на холестерол, и мозочен удар, кога тоа се случува со крвта во мозокот.