Ова е четврти пат во историјата на лигата еден тим да победува со девет гола разлика

ФУДБАЛ – ПРЕМИЕР-ЛИГА

Ливерпул го совлада Борнмут со 9-0 и го израмни рекордот за најголема победа во Премиер-лигата. Ова е четврти пат во историјата на лигата еден тим да победува со девет гола разлика. Во 1995 година, Манчестер јунајтед го победи Ипсвич со 9-0 и лани Саутемптон со истиот резултат. Лестер исто така го совлада Саутемптон со 9-0 во 2019 година. Триумфот на „црвените“ е поимпресивен, со оглед на тоа што Ливерпул го имаше најлошиот старт во лигата во последната деценија, два ремија и еден пораз на првите три меча.

Фудбалерите на Ливерпул упатија 19 удари кон голот на Борнмут, од кои 12 во рамките на голот, од кои девет завршија во мрежата. Ливерпул последен пат толкава победа забележал во септември 1989 година, против Кристал палас во тогашната Прва лига. За првпат во својата историја во ова натпреварување, Ливерпул во тимот имаше двајца тинејџери што постигнаа гол, Харви Елиот и Фабио Карвалјо, кои имаат по 19 години. Роберто Фирмино стана првиот играч на Ливерпул што директно учествувал во четири гола во првото полувреме на еден премиерлигашки натпревар (еден гол и три асистенции) и првиот играч по Хари Кејн во февруари 2017 година на цел меч, против Стоук (три гола и една асистенција). Фирмино е третиот играч на Ливерпул што бил инволвиран при постигнување пет гола на натпревар во Премиер-лигата, по Мохамед Салах против Вотфорд во март 2018 и Луис Суарез против Норич во декември 2013 година.

Л.Д.