Фото: ЕПА
  • Работите што не ги гледате кога тренираме, кога сме дома и закрепнуваме, кога правиме ледени бањи, се лекуваме, сите тие мали детали овозможуваат постојано да бидеме на највисоко ниво што е можно подолго. Момци како Меси се врвот на тоа, вели Кејн

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн изјави дека клучот за играње на највисоко ниво е внесување конзистентност на секојдневните тренинзи, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
– Затоа ја правите целата работа од зад сцената, знаете, работите што не ги гледате кога тренираме, кога сме дома и закрепнуваме, кога правиме ледени бањи, се лекуваме, сите мали детали што овозможуваат постојано да бидеме на највисоко ниво што е можно подолго. Момци како Меси се врвот на тоа. Кога излегувам на теренот, знам дека целата работа што сум ја направил зад сцената ме подготвила за големи моменти. Токму тоа се случи денес – рече Кејн, пренесе АП.
Англија се пласира во осминафиналето на Светското првенство (СП) по победата со пресврт на дуелот со ДР Конго, со 2-1, а двата погодока за Англија ги постигна Кејн, по двете асистенции на Ентони Гордон. Головите на Кејн беа негови четврти и петти на СП 2026, зголемувајќи го неговиот вкупен број на 13, како водечки стрелец на репрезентацијата на Англија на светските првенства, пишува АП.
– Секој може да постигне добар гол, секој на ова ниво може да ја смести топката во горниот агол. Станува збор за постојаност што ја прави секој ден на тренинг, на секој натпревар, тоа е феноменално. Кејн игра на многу, многу високо ниво – рече Гордон. Н.М.


СП 2026, ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

Килијан Мбапе (Франција) 6
Лионел Меси (Аргентина) 6
Хари Кејн (Англија) 5
Ерлинг Холанд (Норвешка) 5
по мечевите во средата