Фото: Игор Бансколиев

Јапонија е само третата репрезентација што победила на два меча на едно СП откако губела на полувреме, по Бразил во 1938 година и Западна Германија во 1970 година, и тоа го направи во незаборавен стил. На СП 2022, Јапонија така ги победи некогашните светски прваци Германија и Шпанија, со по 2-1, за пласман во осминафиналето како првопласирана во групата Е

ФУДБАЛ – СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО КАТАР

Од сите неочекувани лекции на годинашното фудбалско Светско првенство (СП) можеби најголемата е тоа што ја отпишувате репрезентацијата на Јапонија, на ваша одговорност, пишува „Би-би-си“. Јапонија се потврди како крал на пресвртот на Светското првенство во Катар, а нивните инспиративни резервни фудбалери веќе донесоа две големи победи над поранешни светски прваци.
Брилијантното враќање на Јапонија за да ја победи Германија во нивниот прв натпревар на турнирот се чувствуваше како чуден резултат кога следуваше пораз од Костарика, што ги остави како аутсајдери за да стигнат до осминафиналето, но избраниците на селекторот Хаџиме Моријасу приредија брилијантен настап против Шпанија и станаа неверојатни победници во групата Е, пишува „Би-би-си“. Јапонија, која четврти пат е во осминафиналето на светските првенства, стана само третата репрезентација во историјата на светските првенства што победила на два меча на едно СП откако губела на полувреме, по Бразил во 1938 година и Западна Германија во 1970 година, и тоа го направи во незаборавен стил, пишува „Би-би-си“.
Замените на Јапонија ги постигнаа двата гола против Германија, а тие одиграа важна улога и во мечот со Шпанија. Рицу Доан израмни во рок од четири минути откако влезе од клупата на натпреварот со Германија, а на дуелот со Шпанија едвај поминаа три минути откако влезе во игра во почетокот на второто полувреме кога постигна гол со удар од работ на шеснаесетникот. Другата замена, Кару Митома, го потврди своето присуство само 142 секунди подоцна кога со лизгачки старт на самата голаут-линија го зафати нискиот центаршут на Доан, за Ао Танака да постигне гол за 2-1.
Уште поимпресивен од тој брз одговор беше начинот на кој се вратија во својата одбранбена форма во следните 45 или повеќе минути за да го заштитат своето водство, едвај дозволувајќи им на Шпанците да дојдат до голот и покрај тоа што имаа само 18 отсто посед на топката, пишува „Би-би-си“.
– Голема благодарност до сите наши поддржувачи, народот на Јапонија, за нивната поддршка. Благодарение на нив успеавме да го поминеме овој тежок натпревар. Среќен сум што успеав да им ја испорачам победата на сите. Новата цел за нас е четврт-финале. Играчите ни покажуваат поинаков и нов поглед на можноста да се бориме на светската сцена и ние би сакале да поставиме нов рекорд со четврт-финале или повеќе – рече Моријасу.


СП 2022 ОСМИНАФИНАЛЕ

1. Холандија – САД 16 ч.
2. Аргентина – Австралија 20 ч.
3. Франција – Полска утре, 16 ч.
4. Англија – Сенегал утре, 20 ч.
5. Јапонија – Хрватска пон.16 ч.
6. Г1 – Х2 пон. 20 ч.
7. Мароко – Шпанија вторник, 16 ч.
8. Х1 – Г2 вторник, 20 ч.

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Победник 1 – Победник 2 чет.
Победник 5 – Победник 6 чет.
Победник 3 – Победник 4 петок
Победник 7 – Победник 8 петок

ГРУПА А
Еквадор – Сенегал 1-2
Холандија – Катар 2-0
Табела
Холандија 3 2 1 0 5-1 7
Сенегал 3 2 0 1 5-4 6
Еквадор 3 1 1 1 4-3 4
Катар 3 0 0 2 1-7 0
ГРУПА Б
Иран – САД 0-1
Велс – Англија 0-3
Табела
Англија 3 2 1 0 9-2 7
САД 3 1 2 0 2-1 5
Иран 3 1 0 2 4-7 3
Велс 3 0 1 2 1-6 1
ГРУПА Ц
Полска – Аргентина 0-2
Саудиска Арабија – Мексико 1-2
Табела
Аргентина 3 2 0 1 5-2 6
Полска 3 1 1 1 2-2 4
Мексико 3 1 1 1 2-3 4
С. Арабија 3 1 0 2 3-5 3
ГРУПА Д
Австралија – Данска 1-0
Тунис – Франција 1-0
Табела
Франција 3 2 0 1 6-3 6
Австралија 3 2 0 1 3-4 6
Тунис 2 1 1 1 1-1 4
Данска 3 0 1 2 1-3 1
ГРУПА Е
Јапонија – Шпанија 2-1
Костарика – Германија 2-4
Табела
Јапонија 3 2 0 1 4-3 6
Шпанија 3 1 1 1 9-3 4
Германија 3 1 1 1 6-5 4
Костарика 3 1 0 2 3-11 3
ГРУПА Ф
Хрватска – Белгија 0-0
Канада – Мароко 1-2
Табела
Мароко 3 2 1 0 4-1 7
Хрватска 3 1 2 0 4-1 5
Белгија 3 1 1 1 1-2 4
Канада 3 0 0 3 2-7 0
ГРУПА Г
Србија – Швајцарија синоќа
Камерун – Бразил синоќа
Табела
Бразил 2 2 0 0 3-0 6
Швајцарија 2 1 0 1 1-1 3
Камерун 2 0 1 1 3-4 1
Србија 2 0 1 1 3-5 1
ГРУПА Х
Гана – Уругвај синоќа
Ј. Кореја – Португалија синоќа
Табела
Португалија 2 2 0 0 5-2 6
Гана 2 1 0 1 5-5 3
Ј. Кореја 2 0 1 1 2-3 1
Уругвај 2 0 1 1 0-2 1