Фото: ЕПА

ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, ПЛЕЈОФ

Пари сен Жермен и Борусија Дортмунд влегуваат со предност со по три гола во денешните реванши на плејофот за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, а на другите два меча победниците од првите средби имаат водство со по еден гол, Реал Мадрид по средбата на гости, а Јувентус по мечот дома. И по денешните реванши ќе бидат формирани и четири групи пред ждрепката за осминафиналето, в петок.
Така, вкупниот победник на средбата Борусија Д. – Спортинг (од 18.45 часот) во осминафиналето ќе игра со Астон вила или со Лил, подобриот на дуелот Пари сен Жермен – Брест (21 ч.) со Ливерпул или со Барселона, победникот на мечот Реал Мадрид – Манчестер сити (21 ч.) со Атлетико или со Баер и подобриот од натпреварот ПСВ Ајндховен – Јувентус (21 ч.) со Арсенал или со Интер.
Од мечевите вчера, пак, вкупниот победник на средбата Милан – Феенорд ќе игра со Арсенал или со Интер, тимот што триумфира на средбата Аталанта – Клуб Бриж со Лил или со Астон вила, подобриот на дуелот Баерн – Селтик со Атлетико или со Баер, а вкупниот победник од средбата Бенфика – Монако ќе игра со Ливерпул или со Барселона. Н.М.