ФУДБАЛ
Годинашното фудбалско Светско првенство (СП) продолжува без пауза, бидејќи со натпреварот утре рано наутро помеѓу Колумбија и Гана (од 3 часот) се заокружува првата нокаут-рунда, а веќе од утревечер почнува осминафиналето. По 10 од 16-те меча во 1/16-финалето, во следната фаза се пласираа сите три репрезентации на домаќините на СП 2026, САД, Мексико и Канада, потоа најтрофејната селекција, Бразил (пет титули), светскиот вицешампион Франција…
Осминафиналето го отвора токму еден од домаќините на годинашниот планетарен шампионат, Канада, со дуелот со Мароко, утре (од 19 часот) во Хјустон. Утре (од 23 часот) е и мечот Парагвај – Франција во Филаделфија, а од досега формираните двојки потоа се средбите Бразил – Норвешка (в недела, од 22 ч., во Њу Џерси), Мексико – Англија (в понеделник, од 2 ч., во Мексико Сити) и САД – Белгија (во вторник, од 2 ч., во Сиетл).
Првата пауза од еден ден СП 2026 ќе ја има по осминафиналето, на 8 јули, а по два дена пауза ќе има по четврт-финалето, на 12 и 13 јули, како и по полуфиналињата, на 16 и 17 јули. Н.М.
СП 2026 1/16-ФИНАЛЕ
1. Германија – Парагвај 1-1 (3-4 п.)
2. Франција – Шведска 3-0
3. Јужна Африка – Канада 0-1
4. Холандија – Мароко 1-1 (2-3 п.)
5. Бразил – Јапонија 2-1
6. БСК – Норвешка 1-2
7. Мексико – Еквадор 2-0
8. Белгија – Сенегал 3-2
9. Англија – ДР Конго 2-1
10. САД – БиХ 2-0
11. Шпанија – Австрија синоќа
12. Португалија – Хрватска 1 ч.
13. Швајцарија – Алжир 5 ч.
14. Австралија – Египет 20 ч.
15. Аргентина – Зелено`ртски О. утре, 0 ч.
16. Колумбија – Гана утре, 3.30 ч.
ОСМИНАФИНАЛЕ
А. Канада – Мароко утре, 19 ч.
Б. Парагвај – Франција утре, 23 ч.
В. Бразил – Норвешка недела, 22 ч.
Г. Мексико – Англија понед., 2 ч.
Д. Победник 12 – Победник 11 понед., 21 ч.
Ѓ. САД – Белгија вторник, 2 ч.
Е. Победник 15 – Победник 14 вторник, 18 ч.
Ж. Победник 13 – Победник 16 вторник, 22 ч.
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
1. Победник Б – Победник А 9 јули, 22 ч.
2. Победник Д – Победник Ѓ 10 јули, 21 ч.
3. Победник В – Победник Г 11 јули, 23 ч.
4. Победник Е – Победник Ж 12 јули, 3 ч.

































