Фото: ФФМ

Капитенот Пандев се обрати до нацијата

Капитенот Горан Пандев преку Инстаграм ипрати порака до нацијата пред историскиот настап на Македонија на Европското првенство во фудбал, во кое зборува за остварувањето на сонот во неговата кариера и за генерацијата која ја обедини нацијата.

– Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство. Денот кој го сонував долго низ мојата кариера. Македонија да игра на едно големо натпреварување, можеби ова се моите последни натпревари за македонската репрезентација. Сакам како капитен да ви се обратам на цела нација. Оваа генерација е најсветото нешто на македонскиот фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија. Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес. Сонот го испишавме, да одиме да испишеме историја. Бидете со нас и навивајте за МАКЕДОНИЈА – напиша Пандев.