Аријан Адеми со Динамо Загреб ќе се соочи со португалска Бенфика, а Арсенал на Дејан Илиев го доби француски Рен за противник во осминафиналето на фудбалската Лига Европа. Ова е резултат на ждрепката влечена денеска во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.

Клубовите на македонските интернационалци ги избегнаа Челси, Наполи, Интер и Севилја кои се водечки фаворити за освојување на натпреварувањето, заедно со Арсенал, според обложувачниците.

Првите осминафинални мечеви се закажани за 7 март, реваншите се играат седум дена подоцна.

Осминафинални двојки
Челси – Динамо К.
Ајнтрахт Ф. – Интер
Динамо З. – Бенфика
Наполи – Салцбург
Валенсија – Краснодар
Севилја – Славија П.
Арсенал – Рен
Зенит – Вилјареал