Во плејофот на Лигата на нациите, лига Д ќе играат Македонија, Косово, Грузија и Белорусија
Фудбалската репрезентација на Финска засега е единствениот дебитант, која со Холандија се двете селекции од 16-те што до неделата се пласираа на Европското првенство (ЕП), а не играа на минатото ЕП во 2016 година. До крајот на квалификациите за ЕП 2020 има уште мечеви денеска, но нема можност уште некоја селекција да обезбеди деби-настап. Сепак, тоа може да се случи низ плејофот на Лигата на нациите, особено од лигата Д, каде што една селекција ќе дебитира на ЕП 2020, а кандидати се Македонија, Косово, Грузија и Белорусија.
По мечевите во саботата, јасно е дека 15 селекции од минатото ЕП ќе играат и в година на континенталниот шампионат. По Белгија, Италија, Русија, Полска, Украина и Шпанија, кои место на ЕП 2020 обезбедија во октомври, по 9-то коло се пласираа и Франција, Англија, Чешка, Турција, Шведска, Финска, Германија, Австрија, Холандија, Хрватска и Португалија.
Најнеизвесна е групата Д, во која по вчерашните мечеви беа одредени двата учесника на ЕП, а конкурираа три репрезентации – Данска, Швајцарија и Република Ирска. Во групата Е, Хрватска се пласира на првенството, а за второто место во трка се три репрезентации. Велс и Унгарија играат меѓу себе денеска и победникот ќе игра на ЕП 2020. Ако биде нерешено, а Словачка го победи Азербејџан, тогаш Словачка ќе настапи на шампионатот, поради подобриот меѓусебен скор со Унгарија. Унгарија со реми може да игра на ЕП, но само ако Словачка не победи на мечот со Азербејџан.
ДОСЕГА ПЛАСИРАНИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ НА ЕП
Англија, Чешка, Украина, Германија, Холандија, Хрватска, Шпанија, Шведска, Полска, Австрија, Франција, Турција, Белгија, Русија, Италија, Финска, Португалија
ШАНСИ ЗА ПЛАСМАН
Група Д (две места):
Данска, Швајцарија и Р. Ирска
Група Е (едно место):
Унгарија, Велс и Словачка