Фото: Зоран Антовски

Во натпревар без резултатска неизвесност, екипата на Шутова со убедливи 3-0 ја совлада Весна Пробиштип и ги најави големите амбиции за висок пласман во првата одбојкарска лига.

Во само 50 минути игра, домаќините го збришаа својот противник и во целиот натпревар му дозволија да освои само 44 поени. Супериорноста на домашниот состав беше видлива во сите фази од играта, од сервисот до приемот преку нападот и одбраната. Во домашниот состав немаше слабо место, но сепак за истакнување се интернационалецот од Украина, Станислав Азаров и бразилското засилување Вилијан Цезар.

Нешто поголем отпор гостите пружија во вториот сет кој заврши со резултат 25-19, додека првиот сет домаќините го добија со убедливи  25-16, а во третиот сет соло партија на Шутова и убедлив триумф од 25-9, за конечни 3-0 за кичевци. Ако кичевските одбојкари продолжат во ист ритам и во наредните првенствени натпревари, може да очекуваат остварување на амбициите, а тоа е играње во завршницата од шампионатот и борба за првото место.

З.А.