Поранешниот светски тенисер број 1, Американецот Џон Мекинро се плаши дека интересот за тенисот ќе опадне кога ќе се повлече „големата тројка“, Ѓоковиќ, Федерер, Надал. Тројцата заедно освоија 52 гренд-слем титули што укажува на фактот колку тие доминирале во изминатите 15 години.

-На тенисот би можела да му опадне популарноста затоа што во последната деценија ги гледавме можеби најдобрите тенисери во историјата. Федерер е најдобриот играч кој некогаш сум го видел, Надал е сензационален шампион, некој кој одлично комбинира сила со техника, а Ѓоковиќ е вистинска машина- вели за Мекинро за „Фигаро“.

Тој напоменува дека е вљубеник во тенисот и има цел да помогне спортот да се промовира и да се задржи интересот на публиката.

-Играв против шампион како Бјерн Борг, живеев во тоа некое златно доба на играта и се ќе направам да го промовирам тенисот. Сметам дека мечевите треба да се скратат, добро е да се има тај-брејк во петиот сет – смета Американецот.